Само со одговорност и почитување на сите мерки без исклучок ќе успееме да го држиме вирусот под контрола, вели Николовски делејки маски на граѓаните на Штип

Македонија моментално се наоѓа во можеби досега најголемата здравствена криза од осамостојувањето, со присуството на Коронавирусот во земјава. Здравствените власти, конкретно, комисијата за заразни болести препорачува, заради заштита на сопственото здравје и здравјето на тие околу нас, препорачува носење на заштитни маски.

100050980_2714812882073567_2453001044179812352_o

Денеска, членови на СДСМ,  предводени од Генералниот Секретар на партијата, Љупчо Николовски, во Штип, поделија заштитни маски на граѓаните кои движеа низ градските улици.

99291048_2714812765406912_7621968247608311808_o

Само со одговорност и почитување на сите мерки без исклучок ќе успееме да го држиме вирусот под контрола. Да носиме заштитна опрема, да се заштитиме себе и другите. Денеска во Штип делевме маски на граѓаните, со цел да ја подигнеме јавната свест. Заедно ќе успееме, вели Николовски.

99142020_2714812842073571_8753695505948606464_o

Инаку, генералниот секретар на СДСМ и претходно, преку социјалните мрежи, им порача на граѓаните да ги почитуваат трите правила за заштита од коронавирусот, заеднички да им се помогне на здравствените работници, а тоа се задолжително носење заштитна опрема на затворено и на отворено таму каде нема можност да се одржи дистанца, одржување најмалку 2 метри растојание со сите и редовно миење и дезинфекција на рацете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e