Пукање пред кафеана во Козле, едно лице рането и пренесено во болница

СВР Скопје информира дека на ул. „Миле Поп Јорданов“ во 19.35 часот се случил инцидент, кога имало пукање со огнено оружје и притоа едно лице е повредено.

„Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект помеѓу Б.Ѓ.(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ.“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e