Проф. Жулина Митовски од Крива Паланка е „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година

Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка, е добитник на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2020/21 година. Таа е една од вкупно 11 наставници, професори и воспитувачи од повеќе образовни институции од земјава кои се добитници на престижното признание од Сојузот на просветните работници, а по повод 5. Октомври – светскиот ден на учителите и наставниците.
Проф. Жулина Митовски доби плакета и признание за посветената работа и благородна мисија во воспитувањето и образувањето на младите во општеството.
-Ви благодарам за доделеното престижно признание. Тоа има огромно значење за мене и претставува поттик да продолжам со мојата педагошка работа и ме мотивира за постигнување на уште поголеми резултати во образовниот процес. Уште еднаш многу ви благодарам, рече таа во своето обраќање денеска во Сојузот на просветни работници во Скопје.
Освен бројни ангажирања и придонес во унапредување на воспитно-образовната дејност на работното место професорката Жулина Митовски во текот на изминатите години е добитник на бројни домашни и интернационални награди, а доказ за нејзината успешна работа се и бројните награди и признанија на нејзините ученици.

Oд категорија предметна настава добитници се м-р Виолета Панев, професор по англиски јазик од ООУ „Владо Тасевски“- Скопје и Лариса Жулина Митовски, професор по музичко образование од ООУ „Јоаким Крчоски“ – Крива Паланка,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e