Престрелка во Старата чаршија во Скопје – Убиени се две лица

Во СВР Скопје вчеравечер во 20.11 часот е пријавено дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.

Од МВР информираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што објавија медиумите, престрелката се случила на улица „Самоилова“ во Општина Чаир, во близина на кафе барот „Шиша бар“.
Според првичните информации од полицијата и од дежурниот јавен обвинител неколку маскирани лица со огнено оружје влегле во кафулето нешто по 20 часот и пукале кон двајца кои починале на лице место, додека повредениот бил пренесен во болница со прострелни рани.

Напаѓачите избегале со возило, кое според полициски информации подоцна било најдено запалено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e