По цели 40 години, реконструиран патот од село Кажани до село Маловишта

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа на увид во активностите на проектот кој се реализира од Програмата за рурален развој, проект за реконструкција на патот од село Кажани до село Моловишта- Битола.

“Оваа Влада, преку Програмата за рурален развој обезбеди финансиска поддршка во висина од 38 милиони евра, за општините да можат да инвестираат во подобрување на инфраструктурата во руралните средини.

За овој зафат, Владата обезбеди средства во износ од 16,3 милиони денари по склучен договор и истите се обезбедени од Програмата за рурален развој.

Сите овие проекти кои веќе се реализираат на терен, се само потврда на мерките кои оваа Влада ги презема за подобрување на условите за живот во руралните средини.“-Изјави министерот Димковски.

Освен овој проект, во општина Битола се реализираат и други 6  проекти одобрени од страна на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно Битола ќе се поддржи со вкупен грант од 38 милиони денари.

“За прв пат по цели 40 години патот Кажани  – Маловиште ќе се прошири и ќе се реконструира со што значително ќе се подобри протокот на добра и услуги а ќе се зголеми и безбеденоста во сообраќајот а ќе се овозможи развој на руралниот туроизам бидејќи селото Мaловиште е единствено населено место во склоп на Националниот парк Пелистер.“-Изјави директорот Бабовски.

Преку инфраструктурните подобрувања во руралните средини, се обезбедува достоинствен живот за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e