Пехчевцанец тешко повреден откако бил прегазен од својот трактор

Триесет и седум годишниот Г.Р. од пехчевското село Умлена синоќа после полноќ бил донесен во Здравствениот дом Пехчево со повреди, кои, според пријавеното, ги здобил од трактор.

„Откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил. Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот“, соопштија од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e