Полициски службеници од СВР Скопје привеле 35-годишен маж откако, според пријавата, пукал со гасен пиштол за време на семејна веселба.
Како што информира МВР, на 3 август во 22:40 часот во скопското село Бојане бил приведен М.Д. (35), по претходна пријава дека употребил гасен пиштол за време на семејна прослава.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
