Општина Гостивар: Заев со невистини се обиде да ја врати изгубената доверба на граѓаните на Македонија

Општина Гостивар демантира дека покривот на ООУ „Гоце Делчев“ во Гостивар е реконструиран од Владата како што било кажано на денешната трибина што СДСМ ја одржа во градот, туку дека е резултат на заложбата на Општина Гостивар и помош од меѓународната заедница.

– На денешната средба со граѓаните на Гостивар, премиерот на Република Северна Македонија се обиде со невистини да ја врати изгубената доверба на граѓаните на Македонија воопшто, а особено на граѓаните на Гостивар, соопшти Општина Гостивар, пренесувајќи ја изјавата на гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на партијата „Алијанса за Албанците“ Арбер Таравари дека е „општопознато дека покривот на ООУ „Гоце Делчев“ го финансира УНДП преку проект на Швајцарската амбасада и Општина Гостивар, без никаква помош од Владата на РСМ“.

Општината додава и дека премиерот на граѓаните на Гостивар денеска требало да им се извини што не го отворил булеварот како што ветил за време на кампањата или, како што наведува во реакцијата: „„барем да се извини што и по реконструкцијата на магистралниот пат делницата која поминува покрај градот, не се постави јавно осветлување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e