Мелов до Милошоски: Спремај си ја добро одбраната бидејќи играњето криенка и бегањето од правдата веќе заврши

Портпаролот на СДСМ Кавадарци Вуке Мелов, остро реагираше на објавеното видео од Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и обвинувањата за тоа дека во Кавадарци има 208 активни случаи од Ковид19, но Вуке наводно молчи, трае и не држи прес конференции.

Во продолжение, целата реакција од Мелов:

“Откако заврши играњето на криенка со поштарот кој требаше да му врачи покана за суд, сега Антонио има веројатно вишок на слободно време, па се занима со моите прес- конференции.

Не е проблем во тоа што Антонио се занимава што сум зборувал пред некој месец. Проблем е тоа што од две минути прес- конференција, истиот ќе си исече десет секунди, кои на него му одговараат, ќе ги стави истите во погрешен контекст и на тоа ќе прави манипулација со граѓаните.

Тој начин на функционирање не е непознат ниту за Антонио ниту за партијата од која истиот доаѓа. На тој ист начин со лаги, манипулации, спинови, полувистини, со вадење од контекст, ВМРО-ДПМНЕ години наназад пробува да ги лаже граѓаните.

Антонио намерно не ја пушта целата прес- конференција каде се објаснува зошто се бара оставка од тогаш техничкиот министер Наќе Чулев, па затоа во овој текст ќе пробам да му објаснам.

Имено самиот Чулев во тој период, со цел намерно да ги зголемат бројките на новозаразени од коронавирусот, а сето тоа ставено во функција на одложување на изборите поради извесниот изборен пораз, кој на 15- ти јули и де факто се случи, тогашниот технички министер за внатрешни работи даваше изјави во кои активно ги поттикнуваше граѓаните да ги кршат мерките за носење на маски и забраните за групирање, велејќи дека прекршителите нема да ги санкционира.

ВМРО-ДПМНЕ единствено што прави овој период е кочење, деструкција на се она што е реална потреба на граѓаните.

Имено додека беа дел од техничката влада, Наќе ги поттикнуваше граѓаните да не ги почитуваат мерките, а заменичката министерка за финансии не го потпишуваше заемот од Светска банка со кој требаше да се зајакнат капацитетите на болниците со модуларни инфективни одделенија.

Денес како опозиција, само пред една недела Антонио и компанија го кочеа, одолговлекуваа донесувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести со кои се воведуваа нови мерки за заштита на здравјето на граѓаните, организираа протести без дистанца, без маска, без почитување на ниту една мерка и притоа се чудат на високите бројки на новозаразени.

Наместо еден одговорен, конструктивен пристап каков што треба да има најголемата опозициска партија во време на криза, во целиот овој период освен кочење, деструкција, подривање на јавното здравје, не видовме ништо друго од Антонио и неговата екипа.

За разлика од тебе друже Антонио, јас скромниот јавен простор кој го имам на располагање, во целиот овој период на оваа здравствена криза го користам повикувајќи ги граѓаните да се придржуваат кон мерките, за разлика од тебе и твоите сопартијци кои единствено кочите и повикувате на спротивното, подривајќи го притоа јавното здравје, мислејќи дека на тој начин политички ќе профитирате. Е затоа сте во опозиција.

На крај друже ти имаш поголеми грижи и проблеми од мојата прес- конференција.

Спремај си ја добро одбраната бидејќи играњето криенка и бегањето од правдата веќе заврши.”

Линк до објавата на Антонио Милошовски: https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/videos/435816000734355

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e