КООРДИНИРАНИ РАЗБОЈНИЦИ ОД БИТОЛА: Едниот го удрил со чадор а другиот му го зел паричникот

На 27.07.2017 година, околу 21,30 часот пред „Саат кула“ во Битола две непознати лица извршиле разбојништво над Л.А. (62), при што му одзеле паричник во кој имало лични документи и 9.390 денари.

Еден од сторителите со чадор го удрил Л.A. во пределот на грбот, додека другиот од џебот од панталоните му го зел паричникот. Откако го извршиле делотот почнале да бегаат, а оштетениот тргнал по нив. Трчајќи ги извадиле парите од паричникот и го фрлиле на земја. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e