ЈП Комуналец Кр.Паланка: Пазарот во сабота ќе биде само за продажба на раноградинарски култури и на начин согласно препораките на ОКШ

ЈП Комуналец од Крива Паланка, откако предходната недела за прв пат заради состојбата на коронавирусот градскиот пазар не беше отворен, сепак на барање на производителите и со цел да не се нарушат приходите на оваа група на граѓани, оваа сабота пазарот ќе биде отворен и тоа само за производителите на раноградинарски култури од регионот Крива Паланка и Ранковце, додека за останатите продавачи кои доаѓаат од други градови додека трае вонредната состојба пристапот до тезгите е забранет. На самиот пазар ќе бидат преземени мерки за претпазливост согласно препораките на Општинскиот кризен штаб (ОКШ).

Во продолжение целото соопштение на ЈП Комуналец 

Ве информираме дека во врска со најавата за отворање на зелениот Градски пазар на 04 април 2020год.(сабпота), во насока на придржување на мерките кои ги дава Владата, Министерство за здравство и Општинскиот кризен штаб, а во насока за превенција од вирусот КОВИД-19, ЈП Комуналец укажува дека:
На пазарот ќе биде дозволено да се продаваат само земјоделски производи од регионот на Крива Паланка и Ранковце.
Продажбата на производи ќе се врши исклучиво во затворениот дел на градскиот пазар.
Сите продавачи на артикли мора да се придржуваат до упатството за минимална оддалеченост на тезгите од 2м и по еден купувач на тезга.
Продавачите задолжително да носат заштитни маски и ракавици.
Забраната за продажба на останати продавачи кои доаѓаат од други градови и за друг тип на артикли останува во сила додека трае вонредната состојба.
ЈП Комуналец ќе преземе мерки за заштита со поставување на дезинфекциони средства на самите влезови на пазарот.
Остануваат препораките за движење на постарите лица над 67 години до 11.00 часот кога започнува полицискиот час.
Препорака е останатите лица да го посетуваат пазарот од 11.00 до 14.00 часот.
Ги замолуваме граѓаните да не се собираат во групи и строго да се придружуваат согласно препораките на надлежните инсттуции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e