Јавна расправа за партиципативно буџетирање во општина Крива Паланка

Во Големата сала на општина Крива Паланка денес се оддржа јавна презентација на Предлог буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година, а во рамки на проектот „Мои пари моја одговорност: партиципативно буџетирање на општините“, кој го спроведува Finance Think во рамки на FISCAST network, поддржан од Проектот на USAID North Macedonia за граѓанско учество и невладината организација, Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ како локален координатор заедно со поддршка на Општина Крива Паланка.

-Проектот се реализира во единаесет општини од државата и има за цел граѓаните да слушнат за што се трошат нивните пари,но и да се слушне нивниот глас,да се бара од општината да се биде одговорен кон она што се бара и добива, истакна Тереза Кочовска од Finance think, координатор на проектот.

На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и раководителите на општинските одделенија, претставници на урбаните и месни заедници, здруженија на граѓани и институции.
Процесот на креирање и донесување на општинскиот Буџет, како и изворите на финасирање на истиот, го претстави раководителката на одделението за финансиски прашања,Драгица Митровска.

Раководителите на одделенијата при општината детално ги презентираа програмите од областа на: урбанистичко планирање, комунални работи, информатичко- комуникациската технологија, култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, меѓународна соработка, локален економски развој, јавно советлување,заштита и спасување оддржување на јавната чистота,животна средина и други области во надлежност на општината.

-Општината покажа диверзификација на активностите во изминатиот перид: седнициоте на Советот се пренесуваат во живо на отворениот you tube канал, за разлика од порано кога само се прикажуваа снимки, организираме бројни јавни расправи, дебати, презентации и форуми, сите отворени за предлози на граѓаните, Општинските програми од годинава ги правиме родово сензитивни, нa веб страната на Општината имаме отворена апликација за директен контакт со службите и др.Она што е важно и граѓаните треба да бидат одговорни во подмирувае на обврските кон Општината, заради прибирање на средства за реализација на годишните Програми, изјави Мицевски.
На расправата граѓаните даваа конкретни идеи за проекти, а службите посочија дека стојат на располагање на граѓаните,не само денес, туку секојдневно и дека програмите се жива материја која ќе може да претрпи промени,во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e