Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, портпаролот на СВР Охрид.
Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.
Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.
Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево.