Интервју со Сашко Митовски: Од Кр.Паланка ќе направиме место со силна економија и развиена урбана инфраструктура

Кандидатот за градоначалник на општина Крива Паланка од редовите на СДСМ и Коалицијата, Сашко Митовски на првиот ден од изборната кампања за претстојните локални избори, порача дека ќе работи посветено за сите кривопаланечки семејства и, како што рече, за сите граѓани на нашата Крива Паланка. Неговата визија е модерна, урбана, чиста и економски просперитетна општина.

Предизборната кампања ја минува на средби со своите сограѓани од различни генерации и профили, со цел, како што вели, да ги слушне дилемите и проблемите со кои се соочуваат кривопаланчани.

Митовски е познат како сопственик и менаџер на два гостителски објекти во градот повеќе од 10 години.  Сопруг и татко е на три деца.

Mitovski

Во продолжение интервјуто со Митовски:

За вас сопартијците, но и соработниците ќе кажат дека сте „човек од народот и за народот“. Од каде мотивацијата за да се кандидирате за прв човек на општината?

Долги години менаџирам со два угостителски објекти кои станаа препознатлив бренд на градот и регионот и не само тука во земјава, туку и надвор од границите.

215174105_1636065509920982_3968288813657470813_n

Желбата да го градам мојот животен пат во Крива Паланка, да создавам и да оставам нешто, по што градот ќе биде препознатлив, ми беа мотив да ја искористам мојата креативност и направив спој на природните убавини, традицијата и препознатливото паланечко гостопримство. Сметам дека резултатот од моето посветено и домаќинско работење, тука се разбира станува збор за мое и работење на мојот тим, е доволен доказ дека кога се сака, се се може!

Крива Паланка иако е мал град, има голем потенцијал и верувам дека со организирано работење, чесност и посветеност може да биде повеќе од пристојно место за живеење за сите генерации. Јас и на сите доегашни средби потенцирам дека довербата ја барам од граѓаните, не за да владеам, туку за да заеднички да ја реализираме визијата за модерна, економски развиена и чиста општина.

Останувам доследен на идеологијата на социјалдемократијата.  Мора да градиме современо, праведно и општество еднакво за сите граѓани!

Главен проблем со кој се соочуваат кривопаланчани претпоставувате е слабата локална економија, односно невработеноста која е и една од причините поради кои младите се отселуваат од родниот град. Што предвидува вашата програма за овој проблем?

Еден од моите предвидени капитални проекти е изградбата на туристичко-рекреативен центар „Калин камен“.  Проектот ќе придонесе за зголемен број на туристи, поттикнување и развој на угостителско сместувачките капацитети, унапредување на локалните занаетчии, подобрен пласман на земјоделски и сточарски производи, а тоа значи намалување на невработеноста, зголемен приход на општината и зголемен бенефит и на општините од регионот. Ова значи дека ќе се отворат голем број на работни места каде ќе има место за секој трудољубив млад човек.

kalin kamen

Истовремено, верувам дека во соработка со централната власт во Крива Паланка продолжи со уште поголем интензитет со донесување на нови инвестиции кои ќе понудат и реализираат нови работни места. Јас знам што значи да се биде приватен стопанственик, но и работник, и затоа секогаш се залагам за поддршка и олеснување на условите за работа на малите бизниси во градот и секогаш сум за да се направи сè што е во наша моќ за работно место повеќе. Тоа ќе значи пристојна егзистенција, развој на локалната економија и среќни граѓани.

Мојата идеја е град во кој младите се горди и гледаат перспектива, бидејќи ги поддржуваме нивните бизнис идеи, ја поттикнуваме нивната креативност.

Еден од покрупните проекти кои ги ветувате е и гасификацијата. Што конкрено ќе понудите?

Гасот е еколошки најчист енергенс и се знае дека гасификацијата ефикасно го решава аерозагадувањето и значи подигање на еколошките стандарди, што е позитивен предуслов за развој на пазарот и стопанството. Евтин енергенс, намалување на трошоците за енергија во институциите, бизнисот и домаќинствата, зголемување на сигурноста при снабдување со енергија, зголемување на енергетската ефикасност на приклучените објекти, подигање на условите за квалитетно одвивање на јавните дејности. Верувам дека во мојот претстоен мандат ќе го реализираме овој проект, со цел да им го олесниме и поевтиниме секојдневието на граѓаните, но и да ја заштитите автентичната природа, шумите од сечење и воздухот од загадување.

gasifikacija

Важите за голем поддржувач на Ромите и лицата со попреченост како маргинализирани групи во општеството. Ваши сограѓани сведочат дека  секогаш подавате рака на лицата кои се социјален ризик. Кој вашиот личен став по ова прашање?

Една од моите основни заложби е инклузивна Крива Паланка. Станува збор за наши сограѓани со поинакви животни судбини или моментно се нашле во некоја животна неповолна ситуација, а сите имаат право на рамноправност во нашето општество.

Јас останувам на ветувањето дека целата моја плата, дневници и бонус трошоци, како градоначалник, ќе ја донирам за социјално раливи категории на граѓани.

242759354_331371322094446_1372911499512862910_n

Неблагодарно е да зборувам сам за своја хуманост, но ми е пријатно доколку сум пример или инспирација за други да се одважат и да ја покажат својата хуманост кон оние кои се нашле во неповолна животна ситуација. На крајот на денот, сите сме луѓе и човечки е да се сочувствува и, се разбира да се помогне согласно можностите и околностите.

 На кои други проекти ќе им дадете приоритет за реализација во Крива Паланка?

Регулација на Рурачка Река – проект кој ќе даде нов лик на централното градско подрачје, подобар квалитет на живот на населението, трајно решавање на повременото излевање на водата од Дурачка Река со што ќе се зголеми сигурноста на населението. Со пристапниот пат се олеснува движењето на луѓето што гравитираат долж целото течение на Дурачка Река (с. Станци и с. Дурачка Река), а истото ќе претставува главно поврзување кон локалитетот Станечки Водопади. Дополнително, ќе се реши проблемот со тесното сообраќајно грло на улицата 8 Октомври.

Планирана е модернизација и организација на ЈП Комуналец, со цел навремени услуги за граѓаните, пред сè безбедна вода за пиење и чисти јавни површини.

Сакам да најавам и изградба на катна гаража, нови локации паркини и зонско паркирање кое ќе биде по многу пристапни цени кој секој граѓанин ќе може да си го дозволи, со цел поголема безбедност на граѓаните особено на дечињата, полесен проток на сообраќај низ централното градско подрачје, намалена загаденост на воздухот, полесно движење на пешаците.  Повеќе детски урбани катчиња и многу нови зелени површини, уредени цветни локации за убаво и пријатно чувство тука, во родниот град. Поддршка за младите спортски надежи.

За крај, која е вашата порака кон кривопаланчани?

Јас како иден градоначалник се обврзувам да бидам партнер и сервис на граѓаните, народен градоначалник каков што посакуваат сите кривопаланчани. Токму затоа и секој ден ќе биде бидам достапен за граѓаните. Како што и дебатираме со граѓаните на сите досегашни средби, јас и мојот тим, ќе се трудиме максимално. Морам и во оваа прилика да ја искажам мојата благодарност за вицепремиерот Љупчо Николовски кој како како личност нè задолжи многу, покажа како е да се влече за родниот град и нè обврза да работиме исто толку, и повеќе, да ги надминеме тие резултати и да создадеме уште многу за идните генерации.

Верувам дека моите сограѓани ќе го направат вистинскиот избор заеднички да работиме за Крива Паланка!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e