Граѓаните на Крива Паланка јавно дискутираа за буџетот за 2020 година

На јавна расправа што се одржа денеска во големата сала на општина Крива Паланка, граѓаните од општината дискутираа и предлагаа нови активности за реализација во рамки на програмите од буџетот на Крива Паланка за 2020 година.
Настанот е дел од проектот ,,Мои пари моја одговорност: партиципативно буџетирање на општините” подрржан од УСАИД, што го реализира Finance think во соработка со Граѓански центар за одржлив развој “ЕГРИ”.
-Проектот се реализира во единаесет општини од државата и има за цел граѓаните да слушнат за што се трошат нивните пари, но и да се слушне нивниот глас, во што би сакале да бидат инвестираат нивните пари. Во таа насока, буџетското партиципирање е двосмерна улица, да се бара од општината значи и да се биде одговорен кон она што се бара и добива, истакна Тереза Кочовска од Finance think, координатор на проектот.
На настанот присуствуваа градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и раководителите на општинските одделенија, претставници на урбаните и месни заедници, здруженија на граѓани и институции.
Раководителката на одделението за финансиски прашања, Драгица Митровска, го презентираше процесот на креирање и донесување на општинскиот Буџет, како и изворите на финасирање на истиот, а раководителите на одделенијата при општината детално ги презентираа програмите од областа на: урбанистичко планирање, комунални работи, информатичко- комуникациската технологија, култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, меѓународна соработка, локален економски развој, јавно советлување,заштита и спасување оддржување на јавната чистота, животна средина и други области во надлежност на општината.
-Општината покажа диверзификација на активностите во изминатиот перид: седниците на Советот се пренесуваат во живо на отворениот you tube канал, за разлика од порано кога само се прикажуваа снимки, организираме бројни јавни расправи, дебати, презентации и форуми, сите отворени за предлози на граѓаните, Општинските програми од годинава ги правиме родово сензитивни, нa веб страната на Општината имаме отворена апликација за директен контакт со службите и др.Она што е важно и граѓаните треба да бидат одговорни во подмирувае на обврските кон Општината, заради прибирање на средства за реализација на годишните Програми, изјави Мицевски.
На расправата граѓаните даваа конкретни идеи за проекти, урбанистички и останати интервенции на одредени локации во општината,а службите посочија дека стојат на располагање на граѓаните,не само денес, туку секојдневно и дека програмите се жива материја која ќе може да претрпи промени,во интерес на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e