(ФОТО + ВИДЕО) Сугарески од Кр.Паланка: СДСМ гради и остварува резултати а ВМРО -ДПМНЕ останува заглавен и понатаму во својата стара матрица на исти ликови

Ако претходна власт решиле 2000 -3000 стечајци во 11 години ние само за 2,5години решивме 12 000 стечајци ,кога ние како опозиција го предлагавме овој закон во Собранието тие наредниот ден се смееја и поставуваа споменици низ Скопје и други градови во државата,вака се обрати Горан Сугарески, претседател на Надзорниот одбор на СДСМ и Министер за транспорт и врски на стартот на агендата за средби со граѓаните во Крива Паланка и отворањето на месниот штаб во населбата Бавчл’к.

Сугаревски потенцира дека за овој период ги покачиле платите во образованиео,здравството, пензионерите кои за неколку дена ќе имаат зголемување на нивната пензја .

– Кога станав министер на 1 јуни 2017 година сеуште директор на ЈП за државни патишта беше од сегашната опозиција и затоа побарав од него да ме извести за се она што се работи во тој период. Сеуште не беше завршен автопатот Демир Капија – Смоквица, Миладиновци –Штип за кој велат дека ни го дале изготвен и оној спомник од Кичево – Охрид,што значи тие имаа некаде околу 500 км рехабилитација и реконструкција на патишта направени за 11 години. Оваа власт за само 2,5 години направи 650 км, до крајот на претходната година завршивме многу тендери кои од месец март треба да започнат, со работа со подобрување на временските услови,изјави Сугаревски.
Тој рече дека Владата на СДСМ сериозно вложува во инфраструктурата и дека така ќе продолжи, информира дека ќе се гради патот Крива Паланка – Деве Баир, дополнително патот Ранковце – Крива Паланка и дека постоечкиот пат ќе бил завршен за неколку месеци,бидејќи половината е веќе готов а интензивно ќе се градел и експресниот пат,како и бројни регионални патишта. Според него има сериозна разлика во работењето за која се надева дека ќе биде препознаена на 12 април,не само од граѓаните на Крива Паланка,за каде како што рече верува дека ќе има силна и чиста победа туку и во други градови низ државата.

84268510_3104920472872994_8368336042125688832_n

– Имаме зголемување по сите основи на субвенциите,од февруари зголемување на платите во здравството,на капитациите на матичните лекари, така да кога ќе го согледаме ова ќе речеме можеби е малку но треба да знаете и дека ние немавме чист мадат. 7 месеци украден мандат каде со 61 пратеник не можевме да формираме Влада .Сега дополнително поради недобивањето на датумот одиме на предвремени парламентарни избори, имавме и локални избори, референдум, претседателски избори и кога ќе соберме се ни доаѓаат 2 години и седиум осум месеци со практична работа од речиси година и половина,рече тој пред присутните граѓани.

Посочи дека никогаш и не треба да се бараат изговори, треба да се работи ,затоа што како што рече тој , министерството за транспорт и врски, во 2019 година по основ на продуктивни проекти имало реализација на 86 % капитални инвестиции , водовод, канализации, желеница, гасификација, изградба на социјални станови и каде за неколку дена се почнувало со нивна изградба низ целата држава.

83827523_3104920826206292_1017882707708870656_n

– Додека за разлика од нас ВМРО – ДПМНЕ и понатаму продолжува иста,со непроменета матрица и истите лица и очекувам дека со последниот пораз кој ќе го доживеат на 12 април очигледно е дека ќе мора да се променат,дециден беше Сугаревски.

Сашко Митовски, претседател на ОИШ рече дека токму од овде, од населбата Бавчлк е патот кој води кон победата на 12 ти април, зашто со чесна, одговорна и посветена работа за 2,5 години се постигнало многу повеќе од она што ВМРО – ДПМНЕ го направило за 11 години.

– За овие 2,5 години Владата го исполни ветувањето кон своите граѓани а тоа е концептот – Парите назад кон граѓаните, минатата година го решивме проблемот со 12 000 стечајни работници а овој месец се најде решение и за дополнителни 1000 стечајци .Вработените во образованието минатата година добија покачување на платите за 10 % а оваа година добиваат ново покачување од 10 % , или близу 6000 денари повеќе за секој просветен работник. Со измените на Законот за Армијата покрај тоа што градиме Армија по НАТО стандардите ,минатата година се зголемија платите за 10 % . Од месец април оваа година секој вработен во Армијата ќе добие по 7000 денари плус за решавање на станбеното прашање. Ставивме крај на извршителите што значи секој социјален случај ќе биде заштитен со закон,досега тоа беше 1/3 од вашите пензии или плати отсега извршувањето е максимум 1/5 а премиите на извршителите се намалени за дури 80 %,што беше едно и од главните ветувања на минатите избори,истакна Митовски.

83168563_3104920696206305_173921453656244224_nПретседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка,Михаил Дејановски истакна дека во наредниот период има многу да се работи но за овој краток период што е направено е многу но после победата на 12 април продолжуваат со нови успеси сите заедно,сплотени и да можат сите граѓани да ги почувствуваат благодетите на оваа власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e