Две деца се повредени – Судир меѓу две возила, едното го возела малолетничка

Три лица се повредени вчера во сообраќајната несреќа што се случи околу 20 часот и 15 минути на автопатот Тетово – Гостивар на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираа од СВР Тетово.

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар од 20:30 часот сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e