Дневен ред на 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка која ќе се одржи на 27.01.2020г

Дневен ред  на 33-та седница на Советот на Општина Крива Паланка, која ќе се одржи на 27.01.2020 година (понеделник) во 14,00 часот.

Усвојување на записник од  32-та седница

1. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2020 година;

2. Предлог-Одлука за усвојвање на Одлуката за усвојување на финансовиот план на ЈП Комуналец за 2020 година;

3. Предлог –Одлука за збратимување со градот Жупања –Република Хрватска;

4. Предлог – Одлука за давање на приоритет за апликација на подпроектот „Реконструкција и доградба на водоводна мрежа во Крива Паланка“;

5. Предлог- Листа на информации од јавен карактер на Општина Крива Паланка;

6. Предлог – Одлука за усвојување годишен извештај за информации од јавен јарактер  за 2019 година;

7. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година на Општина Крива Паланка;

8. Предлог –Одлука за  давање согласност за кофинансирање на четири образовни асистенти по Прорамата Општинско корисна работа 2019,  а во рамки на  на проектот  „Цело е кога има се“ за негова целосна имплементација;

9. Предлог-Решение за разрешување на член на Управен одбор на ОУД Боро Менков  –Крива Паланка;

10. Предлог-Решение за именување на член на  Управен одбор на ОУД Боро  Менков   –Крива Паланка;

11. Предлог- Одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на ОУД Боро Менков Крива Паланка;

12. Предлог-Одлука за Усвојување на извештајот за реализирани активности по Програмата за локален економски развој за 2019 година;

13. Предлог-Решение за разрешување на член на Училишен одбор на ООУ Јоаким Крчовски –Крива Паланка;

14. Предлог-Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ Јоаким Крчовски  –Крива Паланка;

15. Предлог-Решение за избор на членови на Советот  на млади на Општина Крива Паланка;

16. Предлог-Одлука за усвојување на Извештај за работа за 2019 година за активности од областа на образование и спорт;

17. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за реализирани активности по Програмата за социјална, детска и здраствена заштита  за 2019 година;

18. Предлог-Одлука за усвојување на Годишен извештај за активностите на Општина Крива Паланка во областа на ИКТ во 2019 година;

19. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на програмата за решавање на проблемот со кучиња скитници на подрачјето на Општина Крива Паланка за 2020 година;

20. Предлог- Програма за работа во областа  на располагањето на градежно земјиште во сопственост на РСМ  на подрачјето  на Општина крива Паланка за 2020;

21. Предлог- Одлука за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и локални урбанистички плански документации во Општина Крива Паланка за 2020 година;

22. Предлог-Одлука за дефинирање на граница на опфат на улици во Општина Крива Паланка;

23. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.4316 во К.О. Крива Паланка, Општина Крива Паланка;

24. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.3442/3 во К.О.Конопница, Општина Крива Паланка;

25. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.716 во К.О.Кркља, Општина Крива Паланка;

26. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.156 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка;

27. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.3442/2 во К.О. Конопница, Општина Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e