Малолетник е тешко повреден откако бил удрен од возило на магистралниот пат Охрид–Кичево.
На 30.10.2024 во 15.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Охрид–Кичево патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(48) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, известија од полицијата.