Денеска започна асфалтирањето на патот кон манастирот СВ. Јоаким Осоговски

Денеска започна асфалтирањето на патот кон кривопаланечкиот манастир СВ. Јоаким Осоговски, пат кој се финансира преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

3

Патот е со должина од околу три километри, а вредноста на проектот што ќе придонесе за промоција на туризмот и историското наследство на Крива Паланка, изнесува околу 16 милиони денари.

1

На патот се санирани постојните свлечишта, изградени се потпорни ѕидови, поставени се риголи долж целата траса, а делови од патот се проширени, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e