Аеродромот во Доха соопшти дека на патниците ќе им наплатува излезна такса од 10 американски центи, се наведува во соопштението на „Хамад интернешнал ерпорт“ (ХИА), а пренесуваат светските медиуми. – објави Мета.
Надоместокот ќе биде додаден на цената на авионскиот билет и оваа мерка ќе почне да се применува на билетите издадени по 30 август.
„Таксата е во солгласност со принципите на Меѓународната организација на цивилно воздухопловство за поддршка и развој на водечките светски аеродроми како што е ХИА,“ се додава во соопштението.
Во првиот квартал годинава, низ аеродромот во Доха поминале речиси девет милиони патници.
Катар, кој ќе биде домаќин на фудбалскиот Светски куп во 2022 година, предупреди дека ќе забележи буџетски дефицит од 12 милијарди долари годинава, што е првпат по 15 години.
Властите во оваа држава изразија загриженост дека во 2017 и во 2018 година ќе следува уште поголем дефицит, бидејќи ниските цени на нафтата ја принудуваат оваа држава да се прилагоди на новите услови.
Извор: Мета