Дождот прави проблеми за организаторите на УС Опен

Лошото време и силниот дожд им создаваат проблеми на организаторите на УС Опен и поради тоа одложени се многу мечеви од денешната програма од 2.коло во двете конкуренции. Досега завршија само пет меча и тоа четири кај жените и еден кај мажите.

Носителката број 5 Симона Халеп од Романија ја совлада Луси Сафарова од Чешка со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови). Нејзина ривалка во 3.коло ќе и биде Унгарката Тимеа Бабош, која со 2-0 (6:2 и 6:4) ја победи Рајчел Хогенкамп од Холандија. Пласман во следната рунда изборија: Каролина Плискова од Чешка и Јохана Ларсон од Шведска.

Кај мажите во мечот на француските тенисери од 2.коло Никола Махут го совлада Пол-Анри Матју со 3-0 во сетови (6:4; 6:4 и 6:2).

Вториот носител Енди Мареј во три сета со 3-0 го победи Марсел Грањолерс. По сетови 6:4; 6:1 и 6:4.

Од денешната програма ако продолжи дождот мечеви ќе можат да се играат само на теренот „Артур Еш“, каде има покривна конструкција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e