Промовиран филмот за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“

Блескавата кариера на легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев, голгетер на Вардар, Црвена Звезда, Интер, е заокружена со документарен филм насловен „Патот на Кобра до ѕвездите“, кој вчера ја имаше својата премиера во Скопје.

Еден од најдобрите напаѓачи во поранешна Југославија, кој своевремно беше и „Златна копачка на Европа“, а ја освои и европската клупска круна со Црвена Звезда, доби пригодни подароци, најновите дресови на фудбалската репрезентација на Македонија и на Црвена Звезда, од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и од Бошко Ѓуровски.

На свечената церемонија се присутни и Драган Стојковиќ Пикси, Дејан Савичевиќ, Стеван Стојановиќ, Слободан Маровиќ…, претставници на генерацијата на Црвена Звезда која ја освои европската титула, како и Кочо Димитровски, Васил Рингов, Илија Најдоски, и многу други вардарци и прославени имиња од фудбалскиот и културниот живот во Македонија и во поширокиот регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e