Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист на Европа

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на Новинските агенции. Изборот беше организиран по 66. пат од Полската национална агенција (ПАП). Ѓоковиќ кој оваа награда ја доби во 2011, 2015, 2018 и 2021 година, годинава победи со 178, пред светскиот шампион во Формула 1 Холанѓанец, Макс Верстапен (150 поени). На третата позиција во изборот се најде шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис со 86 поени.
На Четвртопласиран е напаѓач на англискиот и европски фудбалски шампион Манчестер сити, Норвежанецот Ерлинд Халанд со 80 бодови, а „топ 10“ го дополнуваат: српски кошаркарски интернационалец Никола Јокиќ од редовите на НБА-шампионот Денвер со 74 поени, полската тенисерка Ига Швионтек (72), норвешкиот биатлонец Јоханес Тињес Бу (51), холандската атлетичарка Фемке Бол (49), швајцарскиот скијач Марко Одермат (44) и данскиот велосипедист Јонас Вингегард (40).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e