Роналдо испиша историја

Легендарниот португалски напаѓач Кристијано Роналдо (38) влезе во историјата како прв фудбалер кој одиграл 200 репрезентативни натпревари.

Својот јубилеен 200. натпревар во дресот на Португалија го запиша синоќа на гостувањето во Исланд во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, кој во моментов настапува за саудискиот прволигаш Ал Наср, дебитираше за португалската репрезентација во август 2003 година, кога влезе во игра од клупата за резерви на местото на Луис Фиго.

Во својот јубилеен 200. Натпревар Роналдо не се запиша во листата на стрелци и остана на бројката од 122 голови во португалскиот дрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e