Роналдо го постигна 850-тиот гол во кариерата

Португалецот Кристијано Роналдо беше стрелец и двоен асистент во вчерашната победа на Ал Наср над Ал Хазема од 5-1 во саудиската Про Лига, а со постигнатиот гол стана првиот фудбалер во историјата, кој постигнал 850 официјални голови во кариерата.

„850 голови во кариерата и одиме понатаму“, напиша 38-годишниот Роналдо на социјалните мрежи.

Роналдо сезонава во саудиското првенство е водечки стрелец во моментот со шест голови, еден повеќе од поранешниот напаѓач на Ливерпул, Садио Мане.

Откако Ал Наср ги загуби своите први два дуела во оваа сезона, тимот предводен од Роналдо сега заостанува само четири бодови зад водечкиот Ал Хилал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e