(ФОТО) “ГОРДИ” ХУЛИГАНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ КР.ПАЛАНКА кинеа банери на политичките конкуренти

Една ноќ беше потребна за да активистите на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка си го покажат своето “ГОРДО” ХУЛИГАНСКО ЛИЦЕ.

Вечерта, после првичните изборни резултати, понесени од еуфоричната атмосфера, освен што возеа во алкохолизирана состојба и со непрописна брзина, беа закана за нечиј живот, ГОРДИТЕ ХУЛИГАНИ од ВМРО-ДПМНЕ хараа со своите автомобили низ градот, како да се во Чаир или Арачиново и упатуваа пцовки и закани пред домовите на локалното раководство на СДСМ.

baner 1

Својата омраза и бес ги покажаа на дело и со кинење на банери поставени од СДСМ и Пендаровски.

За оваа ГОРДА БАГРА, кинењето на банери на партиските противници не е непозната работа.

baner 2

baner 4

baner 3

Сеуште се свежи сеќавањата кога на едни од предходните избори, исто во Крива Паланка, беа фатени на дело вмровски активисти како во сред град во алкохолизирана состојба симнуваа и уринираа врз банер на СДСМ.

Вчерашното дивеење на групата активисти на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека во таа партија ништо се нема сменето на подобро. Истите навики и манифестација на гнев и омраза кон се што не е на нивна страна.

Како за потсетување, во изминативе седум години, актуелната власт во Крива Паланка успеа да наметне нов начин на комуникација и однос помеѓу граѓаните со различна политичка определба.

Ако некогаш некој не ги делел своите сограѓани на ваши и наши, тоа го покажа на дело кандидатот на СДСМ Љупчо Николовски, кој секогаш има време да слушне за сечиј проблем и да проба да го реши, без разлика на партиската или било каква друга припадност.

Дали ВМРО-ДПМНЕ не можејки  да го следи овој позитивен пример и со неоградувањето и со премолчувањето на ова хулиганско однесување на своите активисти, всушност го одобрува истото?

Ваквото однесување е чист пример за граѓаните да знаат, какви ликови утре сакаат да бидат власт.

Да не дозволиме, со воскреснување на режимот да се вратат омразата, заканите, нарачаните инспекции и нови вмровски шерифи во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e