Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е казнет со 8.000 долари од организаторите на Вимблдон затоа што му го скршил рекетот, објави Би-Би-Си.
Во неделата во финалето на Вимблдон Ѓоковиќ беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз со 2:3.
Инцидентот се случи во третиот гем од петтиот сет, кога Ѓоковиќ го скрши рекетот на стативата држејќи ја мрежата откако го загуби гемот.
Судијата Фергус Марфи веднаш му упати предупредување.
Парите ќе бидат одбиени од неговата награда од 1,175 милиони фунти, која ја заработи со пласманот во финалето.