(ВИДЕО) Поставени фотоволтаични панели на пет јавни институции во Крива Паланка

Поставени се фотоволтаични панели на пет јавни институции во општина Крива Паланка, инвестиција вредна 103.000 евра преку проектот „Зелена енергија за јавни институции“.
Општина Крива Паланка го реализира проектот со Центар за меѓународна соработка и развој од Љубљана, Словенија – кој е донатор на 50 отсто од средствата, додека 50% од средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
Фотоволтаици се поставени на:
▪️ОЈУДГ “Детелинка”- објект „Пролетна роса“;
▪️ООУ “Јоаким Крчовски”- зграда “Партизан”;
▪️ ЛУ Градски музеј Крива Паланка;
▪️Општина Крива Паланка, административен објект на локална самоуправа и
▪️ОУД “Боро Менков”.
– Поставувањето фотоволтаични панели е инвестиција во самоодржливост на јавните објекти преку енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија, велат од локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e