За совршено пире компирите не се варат во вода

Пирето е најчест прилог со месо на балканските трпези и тоа не без причина. Одлично оди со гулаш, чорба, полнети пиперки, сарма, но и со обичен стек, пржено пилешко, скара…

Се подготвува едноставно и брзо, но познатиот готвач Тајлер Флоренс тврди дека на повеќето луѓе им недостасува еден клучен чекор во кој се крие тајната за сочно и совршено кремасто пире.

Имено, овој готвач, инаку вработен во познатата телевизија Food Network, вели дека првенствено готвиме компири во сосема погрешна течност – вода. Измиените и излупени компири треба да се сварат во неутрална павлака во која претходно сме стопиле путер.

Рецептот за пире на Флоренс

Во тенџере со неутрална павлака (околу 0,5 l) ставете излупени, измиени и исечкани компири, 3 лажички маслиново масло и 3 лажички путер. Додадете сол или други зачини по желба. Покријте го тенџерето и динстајте околу 20 минути. Процедете ги компирите, но зачувајте ја течноста во која се вареле и малку додајте во садот со компирите. Сè изматете со миксер додека не добиете изедначена смеса.

Флоренс гарантира дека ова е најдобриот начин на приготвување пире од компири бидејќи ги задржува сите вкусови – и компирот и течноста во која се варени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e