Светскиот ден на менталното здравје со фокус на превенција од самоубиства

Светскиот ден на менталното здравје на глобално ниво се одбележува на 10 октомври. Првпат е воведен во 1992 година, по иницијатива на Светската федерација за ментално здравје. Денеска, во оваа кампања учество земале повеќе од 150 држави.

Оваа година во фокусот на одбележувањето е превенцијата од самоубиства. Минатата година мотото беше „Младите луѓе и менталното здравје го менуваат светот“, додека во 2017 целта беше унапредување на менталното здравје на работното место.

Според податоците со кои располага СЗО, годишно околу 800.000 извршуваат самоубиство, а процентот е најзастапен кај возрасната група меѓу 15 и 29 години. Често е последица на насилство, незадоволство, злоупотреба, малтретирање и сајбербулинг.

Самоубиството и неговата превенција е глобален проблем на кој работат голем број лекари, научници, организации и семејства во кои се случил таков настан. Тие наоѓаат начини како да допрат и до лицата кои се во потенцијална опасност, но и да ги изменат предрасудите и стигмите во кои општеството е заглавено.

Во многу општества е табу да се зборува за менталното здравје, најмногу поради осудата која доаѓа од начелно здравите. Секако, овој проблем се разгледува од многу повеќе аспекти, за да може да се најде начин на кој успешно ќе се покрене свесноста, но и ќе им се помогне на оние кои страдаат.

Оваа година, на СЗО им се придружија и Интернационалната асоцијација за заштита од самоубиства и Обединети за глобалното ментално здравје. Низ сите држави овој ден ќе биде одбележан со соодветни манифестации, кампањи, предавања и трибини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e