Научниците со сензационално тврдење за пчелиниот отров – уништува агресивен рак на дојка за еден час?

Студија објавена во престижното научно списание „Precision Oncology“ предизвика огромно внимание на социјалните мрежи, откако научници тврдат дека пчелиниот отров успеал да уништи агресивни клетки на рак на дојка за само 60 минути.

Според истражувањето спроведено од Harry Perkins Institute of Medical Research во Австралија, главната состојка на пчелиниот отров, наречена Melittin, ја напаѓа мембраната на канцерогените клетки и ги блокира сигналите што им помагаат да се размножуваат.

Авторката на студијата, д-р Киара Дафи, изјавила:

„Мелитинот може целосно да ги уништи мембраните на клетките на ракот во рок од 60 минути.“

Научниците го тестирале отровот од 312 пчели и забележале силен ефект особено кај најагресивните форми на Breast Cancer, како што се „triple-negative“ и HER2-positive, додека нормалните клетки биле минимално погодени.

Сепак, експертите предупредуваат дека резултатите засега се само лабораториски и тоа не значи дека пчелиниот отров е докажан лек за луѓе. До денес не постои одобрена терапија против рак што користи пчелин отров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e