Овесот е една од најчесто препорачуваните намирници, а експертите особено го истакнуваат како најдобар избор за намалување на холестеролот.
Топла чинија овесна каша е омилен појадок за многумина, а неговите придобивки се бројни. Истражувањата потврдуваат дека редовната консумација на овес може да го намали вкупниот и ЛДЛ, таканаречениот „лош“ холестерол, со што се намалува ризикот од срцеви заболувања, пишува „Итинг вел“.
Што е овес и зошто е хранлив?
Овесот е исклучително хранлив. Половина чаша (околу 40 грама сув овес) содржи приближно 150 калории, 5 грама протеини, 2,5 грама масти, од кои 2 грама се здрави незаситени масти и 4 грама растителни влакна. Генерално, исхраната базирана на интегрални житарки помага во намалување на холестеролот, одржување на здрава тежина и намалување на ризикот од срцеви заболувања и некои видови рак.
Овесот е и моќен сојузник за здравјето на срцето, придонесува за одржување на здрава тежина и има улога во стабилизирање на шеќерот во крвта.
