Суви смокви во маслиново масло – решение за многу здравствени проблеми

Овој стар народен рецепт може да помогне при многу здравствени проблеми.

Сувите смокви се достапни во текот на целата година, па така секогаш можете да направите суви смокви во маслиново масло. Овој спој на 2 медитерански намирници претставува стар народен лек за многу болести.

Смоквата е многу ценето овошје со сочен плод. Растението најдобро успева во топлите краеви, близу морињата, но може да се одгледува и во континенталните предели. Проблемот е тоа што смоквата е чувствителна на ниски температури.

Смоквите содржат многу калциум, калиум, цинк и се добар извор за железо, како и бета-каротен и витамините Ц, А, Е и К.

Сувите смокви се многу покалорични од свежите, па затоа треба да се јадат во ограничени количини. Ова овошје го подобрува варењето, помага при хемороиди, а придонесува и за регулирање на холестеролот. Во поглед на содржината на калциум, смоквите можат да ги заменат млечните производи, а важат и за моќен афродизијак.

Рецепт за суви смокви во маслиново масло:

Ставете ги смоквите (до 40 парчиња) во поголема тегла, а потоа налејте маслиново масло до врвот. Затворете и чувајте ја теглата на потемно место 40 дена.

По подготовката, јадете по 1 смоква наутро, на празен стомак. Притоа водете грижа да користите што поквалитетно маслиново масло како и квалитетни суви смокви.

Сувите смокви во маслиново масло можат да помогнат при многу здравствени проблеми како хемороиди, констипација, покачен холестерол, неплодност, желудочни проблеми, анемија, астма, бронхитис и многу друго.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e