Сурутката е вистински еликсир на здравјето: Еве кои се придобивките

Сурутката е производ кој настанува при производство на сирење и јогурт и во неа остануваат најдобрите и највредните состојки на млекото: витамините Б и Е, минералите и млечните шеќери кои се вистинска храна за мозокот.

Со цел да го извлечете најдоброто од овој напиток, експертите советуваат да консумирате максимум половина до еден литар сурутка дневно.

Еве кои се предностите на овој природен напиток:

Помага при слабеење – 100 милилитри сурутка има само 26 калории, а содржи висок процент на протеини кои ќе ви дадат чувство на ситост.

Ги ублажува болестите на црниот дроб – овој скромен напиток содржи бета-лактоголубин кој го снабдува организмот со аминокиселината BCAA која пак помага во ублажување на болестите на црниот дроб.

Ги зајакнува мускулите – сурутката, посебно онаа во прав помага во изградба на мускулна маса и ги закрепнува мускулите по физичкиот напор.

Ги регулира зголемените масти во крвта – сурутката им се препорачува на лицата кои имаат зголемени маснотии во крвта. По само неколку седмици редовна консумација ќе забележите неверојатни ефекти.

Го подобрува расположението и го намалува уморот – сурутката поттикнува лачење на серотонин (хормон на среќа) и со тоа го намалува стресот и хроничниот умор.

Кравјо, овчо или козјо сирење. Не e важно. Секогаш е добро на трпезата да имате добро и квалитетно парче сирење. Но, дали сте знаеле дека при процесот на производство на сирењето се добива еден нус производ (тоа е течноста која останува откако млекото ќе скисне) познат под името сурутка, кој неправедно е потценет и за жал многу малку се користи.

Главниот проблем е во тоа што малкумина знаат дека сурутката е високо нутритивен производ.

Во нејзе најголем процент е вода, а содржи многу малку калории и масти. Во еден литар сурутка има само 360 калории. Сурутката според хемиските анализи е утврдено дека има 16 типови на протеини, 8 минерали, 7 витамини, до 23 амино киселени и до 11 ензими.

Сурутката содржи многу минерали, неопходни за нашиот организам и тоа првенствено калциум, бакар, железо, цинк, кобалт, манган и фосфати. Овие минерали се важни, бидејќи тие ги интегрираат метаболичките процеси и придонесуваат за поквалитетен тонус на ќелиите.

Правилното одвивање на овој процес, значително го намалува ризикот од мозочен удар, од висок крвен притисок. Го подобрува имунитетот, ги регулира штетниот холестерол и цревната флора, го регенерира црниот дроб, ја спречува остеопорозата и го намалува забниот камен.

Од шеќерите во сурутката има најголем процент на лактоза, која е особено важна во исхраната на децата. Сепак, протеините се најважната состојка на сурутката. Составено претежно од есенцијални амино киселини, учествуваат во создавање на мускулна маса, но не создаваат масни наслаги и не дебелеат. Токму поради ова сурутката се смета за еден од најдобрите енергетски извори и се препорачува на спортисти, деца,стари лица, трудници, доилки.

За разлика од млекото сурутката е помалку калорична. Протеините даваат чувство на ситост, а освен потребната енергија влијаат и на лачење на хормоните кои го регулираат апетитот.

Во продажба сурутката и нејзините нус производи можат да се најдат во повеќе облици, како кисела сурутка, слатка сурутка и како напитоци збогатени со овошје.

Сурутката се користи за производство на повеќе видови сирења, за изработка на детска храна, сладоледи и сточна храна. Служи и како адитив во многу прехранбени процеси, за производство на леб, печива и крекери.
Сурутката најдобро е да се пие свежа, засладена со малку шеќер или со додаток на овошје.

Денес особено популарна е сурутката во прав која се добива со посебни технолошки процеси. Ако купите ваков тип на сурутка, начинот на нејзината употреба е следна, добро растворете ја во топла вода и пијте ја како замена за оброк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e