Сладолед диета: Јадете сладолед и губете по 2 кг неделно

Ако го сакате овa ладно благо, диетата со сладолед звучи навистина одлично! Сепак, сладолед диетата е диета од околу 1.250 калории која ви овозможува да јадете сладолед секој ден, но мора да обрнете внимание на големината на порциите.

Жените на сладолед диета можат да изедат една чинија сладолед дневно, а на мажите им е дозволено една ипол чинија. Исто така, се препорачува да јадете нискомаслен сладолед кој има 125 или помалку калории по оброк односно во една чинија.

Пример мени за диета I

Појадок: Чаша житни снегулки прелиени со лажица шеќер, чаша боровинки и чаша нискомаслено млеко

Ручек: Сендвич со две кришки интегрален леб, парче зелена салата и 75 грама туна. По желба додадете домати и како зачин трошлив босилек;

Ужина: Чаша нискомаслено млеко и едно овошје

Вечера: Едно големо парче пица со сирење и мешана салата

Десерт: Една чаша сладолед

Пример мени за диета II

Појадок: 75 грама младо сирење, 2 тоста од интегрален леб, 1 портокал, чаша чај

Ручек: пилешки гради на скара (150 грама), парче интегрален леб, голема салата од сезонски зеленчук

Ужина: Шејк од 2,5 дл домашен кефир (или јогурт) и половина чаша малини, капини или боровинки

Вечера: 200 грама печурки печени на тефлон, 25 грама шунка, чаша мешан зеленчук (карфиол, морков, млада боранија, грашок…) и една домат како салата

Десерт: Една чинија сладолед

Кога сте на сладолед диета, ве советуваме да јадете различни хранливи продукти кои се богати со влакна, заедно со овошје, зеленчук и се разбира дневна порција сладолед. Можете да јадете сладолед од различни видови, иако е најдобро да се држите до проверено здрави, домашен сладолед каде што можете и да ја контролирате количината на калории кога го правите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e