Посен кремаст сладолед од банана и шумско овошје

Овој десерт се подготвува многу брзо и лесно и е одличен за разладување во жешките летни денови.

Потребни состојки:

– 300 гр. излупени банани
– 20 гр. соино млеко во прав
– 120 гр. мешано замрзнато шумско овошје (боровинки, малини, јагоди, капини…)
– 1 лажица шеќер (дијабетичарите можат да користат течен засладувач)

Начин на подготовка:

Растворете го соиното млеко во децилитар и пол млака вода. Во блендер ставете ги бананите исечкани на поголеми парчиња и додајте го соиното млеко и замрзнатото овошје. Додајте и една лажица шеќер или течен засладувач и блендирајте сè додека состојките не се соединат.

Истурете ја смесата во подлабок сад и ставете ја во замрзнувач 3-4 часа за да се стегне. Ако сладоледот стои подолго време во замрзнувач, пред употреба извадете го и оставете го на собна температура околу половина час за да омекне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e