Настинката ја предизвикуваат вируси и таа не се лекува со антибиотици. Ова е најчестата грешка која ја прават луѓето коишто се обидуваат да се лечат сами. Вирусот не реагира на антибиотици, треба да го знаете тоа.
Обичната настинка обично трае 3 до 7 дена, но понекогаш трае и до 2 недели. Ако продолжи и после овој период, има неколку причини за тоа.
Не се одмарате доволно
Спиењето му помага на вашиот имунолошки систем да работи како што треба. Еднаш кога ќе настинете, мора да спиете доволно за да му помогнете на вашето тело да се избори со вирусот. Недоволната количина на сон исто така може да биде причина за настинка. Луѓето коишто спијат помалку од 7 часа навечер имаат три пати поголема шанса да се разболат за разлика од оние коишто спијат 8 часа или повеќе.
Не внесувате доволно течност
Кога сте болни многу лесно може да дехидрирате. Болката во грло е многу непријатна при голтање. Губите течност додека вашето тело создава слуз, а некои лекови исто така може да доведат до дехидратација. Затоа треба да пиете повеќе вода и природни сокови кога сте настинати, а да избегнувате алкохол и кафе.
Под стрес сте
Кога сте под стрес од која било причина, ова може да влијае на вашиот имунолошки систем и не сте во состојба да се борите со вирусот како што би требало. Константниот стрес го спречува вашето тело да не реагира на кортизол, хормонот кој го контролира вашиот имунолошки систем за да се избори со вируси.
Пиете погрешна терапија
Многумина најчесто пијат погрешна терапија и мислат дека симптомите ќе исчезнат преку ноќ. Треба да внесувате храна богата со витамин Ц, цинк, да јадете многу овошје и супа.