Сезоната на зимници полека завршува, а се уште се мислите што уште да подготвите за зимата која ни доаѓа.
Пиперките во мед се одлична идеја. Може да се прави со секакви пиперки, но со црвените е највкусно.
Потребни состојки:
5 кг исчистени ајварки пиперки
1 литар јаболкова киселина
1 кесичка конзерванс
1 кесичка винобран
150 г шеќер 150 г
сол 150 г мед
Начин на подготовка:
Пиперките се мијат, се цедат од водата па се сечат на половина и се чистат од семките.
Во еден сад се става јаболкова киселина, сол, шеќер и мед, па се става на оган да зоврие. Варете уште малку додека да се растопат состојките, па тргнете го садот од оган и додадете ги конзервансот и винобранот.
Низ врелиот раствор провлекувајте ги пиперките кратко и веднаш редете ги во сад со капак.
Оставете ги да изладат неколку часови, па почнете да ги редите, колку може позбиено во чисти суви тегли. Одозгора налејте со растворот од медот, и притиснете ги со дрвено стапче (најдобро од дрвена лоза, како потисок).
Затворете ги теглите и оставете ги на ладно, темно место. Мора да отстојат барем три седмици до послужување за да можат пиперките убаво да ја впијат аромата.