Салеп – напивка за вистинско зимско уживање

Салепот е вкусен, топол, сладок пијалак, идеален за ладните зимски денови, а потекнува од Блискиот исток. Сигурно сте го пиеле како деца за време на зимските месеци.

Салепот во прав е сушен, мелен корен од неколку видови дива орхидеја.

Кај нас салепот се приготвува од сушен, сомелен и преработен корен од обична орхидеја.

Приготвување салеп, од ливада до чаша, тече вака: се вадат корењата, се чистат од земјата и кратко се варат, најдобро во сурутка. Потоа, се сушат прво на воздух, потоа во сушница, додека станат речиси кристално проѕирни, потоа се сечкаат во прав, се просејуваат и се чуваат на суво.

Инстант-салепот само прелива со врела вода, бидејќи во него се веќе сите потребни состојки. Чистиот салеп и малку поскап, од 50 г се добиваат 3 литри од оваа вкусна напивка.

Потребни состојки:

-1 л вода (или млеко)
-1 лажица салеп во прав
-шеќер, цимет или ѓумбир

Начин на подготовка:

Една лажица салеп во прав се меша со чаша млака вода за да нема грутки. Кога водата во тенџерето ќе зоврие, се додава шеќер, се вари кратко, па се додава изматениот салеп. Се вари на умерена температура додека се добие погуста, по малку слузеста течност. Се сипува во стаклени чаши или шолји, па по површината се посипува ѓумбир во прав или цимет.

Се користи како средство за лекување воспаление на слузницата на цревата и желудникот, а особено за разни видови стомачни проблеми.

Салепот ја обложува оштетената слузокожа на дигестивниот тракт со заштитен слој кој спречува понатамошни оштетувања и им овозможува на оштетените места да закрепнат. Не само што го овозможува, туку и учествува во исцелувањето на слузокожата, во зајакнувањето на слузокожата и во функционалноста на дигестивниот тракт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e