Научниците открија како да се врати циклусот и плодноста кај жените во сите возрасти.
Со посебен третман на крвта кој се користи за брзо заздравување на раните, успеваат да ги подмладат јајниците кај жената.
Кај многу жени, вклучувајки и една 40-годишна која влегла во рана менопауза бил повторно вратен менструалниот циклус.
Научниците земале збогатена крвна плазма која го поттикнува растот на ткивото и со тоа го подобрува заздравувањето на оштетените коски и мускули. Таа плазна ја вбризгуваат во јајниците на жената кај која е започнат процесот на менопауза и е откриено дека менструалниот циклус повторно се враќа.
Ова истражување на научниците од Атина е презентирано на годишната средба на Асоцијацијата на европските доктори за хумана репродукција и ембриологија, што се одржа во Финска.