Почнаа да се продаваат свежи – Рецепт за крем супа од тиквички

Брз, вкусен и лесен ручек со омилената намирница во вашата кујна.

Потребни состојки:

(за 6 лица)

600 г тиквички

300 г компири

80 г кромид

1 чешне лук

100 мл павлака за готвење

1,5 литар вода

2 лажички путер

2-3 лажички сок од лимон

1 лажичка рузмарин

Начин на подготовка:

Загрејте го путерот и пропржете го исечканиот лук. Потоа додајте ги исечканите тиквички и продинстајте.

Додајте го исечканиот компир, 1 литар вода, зачини и варете 20 минути. На крајот додајте го и лукот.

Изгмечете го варениот зеленчук, додајте го остатокот од водата, павлаката и сокот од лимон и варете уште некое време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e