Колку долго алкохолот останува во крвта?

Дали знаете колку долго алкохолот останува во крвта?

На ова прашање нема едноставен одговор бидејќи колку алкохол ќе остане во вашиот организам зависи од различни фактори. Најважно е кога пиете да не возите. Тогаш ќе ги избегнете сите непријатности.

Истражувањето кое го извршил германски автомобилски клуб ADAC, покажува дека оној кој пие алкохолот до полноќ и на спиење оди со 1.5 промили алкохол во крвта, наутро не е подготвен за возење.

Во зависност од поединецот, телото деградира околу 0.1 промили алкохол во крвта по час. Во 9 часот наутро вредноста на алкохолот во крвта и понатаму ќе биде околу 0.6 промили.

Колку долго алкохолот ќе се задржи во крвта зависи од вашата висина, тежина, годините, полот и колку е брз вашиот метаболизам. Исто така, влијае и колку сте јаделе во текот на денот, дали пиете лекови и колку ви е здрав црниот дроб.

Просечното време потребно за да се „испари“ чаша од 250 мл вино е три часа. За половина литар пиво со вообичаен процент на алкохол се потребни два часа.

Сепак, не постои нешто што може да го забрза елиминирањето на алкохолот од крвта, дури ни кафе, потење или спиење не помага за брзо трезнење.

Затоа најдобар совет е да не седнувате зад воланот 12 часа по интензивно консумирање на алкохол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e