Каде не треба да ја чувате зимницата?

Дури и совршено подготвената зимница може да се расипе доколку се чува на погрешно место.

Каде не треба да ја чувате зимницата, доколку сакате подолго да трае?

1. Во близина на извор на топлина

Најлошото место за чување зимница е во близина на радијатор или други извори на топлина. Исто така, не се препорачуваат ни горните полици на кујнските елементи.

Целата топлина од шпоретот и другите електрични апарати се собира нагоре, што значи дека теглите ќе се затоплат.

2. На отворена тераса

Кога има голем студ и ниски температури, содржината на теглата може да замрзне, а стаклото да пукне. Од друга страна, кога е сончево, ќе се загрее и со тоа потенцијално ќе се расипе.

3. Во простории со нестабилна температура

Важно е да се обезбеди приближно стабилна температура, а такво место е подрумот. Исто така, не се препорачува да се чува на место каде има провев, како ходник, на затворена тераса каде што се отвораат прозорците и слично.

4. Под силна светлина

Најдобро е да најдете темно место за теглите, бидејќи силната светлина ќе ја расипе содржината.

5. Во фрижидер

Џемовите и слаткото никогаш не треба да го чувате во фрижидер. Кога теглата е веќе отворена, може да ја чувате зимницата во фрижидер.

6. На влажно место

Подрумот често се смета за идеално место за складирање, бидејќи одржува стабилна ниска температура и секогаш е темно. Но, ако подрумот е влажен, ова не е добра опција, мувлата може да се рашири на теглите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e