Јадете дуњи, помагаат при анемија, кашлање и лошо варење

Дуњите се вистински есенски деликатес, со специфичен, но преубав вкус. Нивната главна состојка е витамин Ц, за кој знаеме дека има важна улога во одржување и на физичкото и на менталното здравје.

Освен во исхраната, дуњите често се користат за лечење најразлични тегоби, од ублажување кашлица, па се до проблеми со варењето. Интересно е тоа што лековити се и плодот и листовите и семките.

Плодот содржи витамин Ц, витамини Б1 и Б2, каротен, калциум, калиум, натриум, како и мал дел протеини, а многу растителни влакна.

Семките, кога ќе отстојат во вода, ослободуваат слузава материја која многу помага при сува кашлица. Дуњата содржи и многу пектин, кој го регулира крвниот притисок и штити од штетните зрачења во природата.

Чајот од лист од дуња, пак, е одличен лек при дијареја. Исушените листови се полеваат со зовриена вода и се остава чајот да отстои 30 минути.

Се препорачува секој продукт добиен од дуњата, како и самиот плод, да се јаде наутро, за максимално искористување на бенефитите.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e