Вкусно и здраво – Рецепт за млади компири со сенф и рузмарин

Доаѓа сезоната на младите компирчиња, а овој рецепт дефинитивно ќе ве воодушеви вас, но и вашите најблиски.

Потребни состојки:

• млад компир – количина по потреба

• морска сол – по вкус

• бибер – по вкус

• маслиново масло

• 1 лажица сенф

• 1 лажица мед

• рузмарин

Начин на припрема:

1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Измијте ги компирите и исушете ги, а тавата обложете ја со хартија за печење.

2. Пресечете ги компирите на половина (ако се поситни) или на четвртини (ако се покрупни), ставете ги во тавата, посолете ги и зачинете со бибер.

3. Од гранчињата извадете ги игличките рузмарин, исечкајте ги ситно и ставете ги врз компирите.

4. Во посебна чинија измешајте сенф, мед и маслиново масло и со ваквата смеса прелијте ги компирите, а потоа сето тоа добро измешајте го (најдобро со раце за да се нанесе смесата рамномерно).

5. Ставете го компирот во рерна и печете околу 45 минути (зависи од јачината на рерната). По 25 минути, промешајте го малку компирот и вратете го во рерна.

6. Готовиот компир послужете го додека е топол, како прилог со пилешко месо, бифтек или јунешко месо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e