Еве на што треба да внимавате за да ја одберете највкусната лубеница

Некои ја чукаат, други ја мирисаат, а трети слепо им веруваат на продавачите. Меѓутоа, тајната се крие во нешто целосно друго. Погледнете ги нашите совети со чија помош вашата лубеница ќе биде најдобриот избор.

1. Вистинска тежина

Не постои некоја магична бројка, но средната величина е идеална. Премногу мали или премногу големи лубеници можеби нема да имаат убав вкус.

2. Чиста “како солза“

Кората треба да ѝ е цврста, без гребнатинки или различни црни дамки. Колку нејзината кора е позелена толку лубеницата ќе биде позрела.

3. Жолт знак

Сите лубеници имаат еден знак (од каде се извадени од земјата). Доколку знакот е со бела или зелена боја тогаш лубеницата сè уште не е зрела. Доколку пак овој знак е со жолта боја тогаш таа дефинитивно заслужува место во вашиот фрижидер.

4. Дебела рачка

Рачката мора да биде зелена. Доколку е сува тоа значи дека веќе неколку дена стои во складиштето на произведувачите и дека не е баш свежа.

5. Добар звук

Доколку лубеницата е сочна и зрела тогаш би требало малку да ја чукнете по средината и да чуете длабок звук. Доколку звукот е краток и остар не е премногу зрела.

6. Лубеница која стои под сенка

Не купувајте лубеници кои премногу долго се изложени на сонце. Напротив, бирајте ги оние кои се наоѓаат под сенка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e