Сочно и вкусно – Есенска пита со јаболки

Јаболкото нема голема енергетска и калорична вредност. Јаболкото е едно од најпогодните овошја за држење на различни диети. Нема многу калории, а има многу витамини, минерали и многу состојки кои се благодет за организмот. 100 грама јаболко има околу 53 калории, а 85% од целото јаболко е вода.
А бидејќи сега е сезоната на јаболките и скоро сите веќе ги имаме дома можете да направите брз и едноставен десерт кој не бара никакво кулинарско искуство.

Потребни состојки:
2 чаши (1 чаша=200мл) брашно
2 чаши пченичен гриз
1 чаша шеќер
1 прашок за пециво

Фил:

1-1,5 кг јаболки
2 кесички ванилин шеќер
1 чаша шеќер
цимет
3/4 чаша масло

Начин на подготовка:

Измешајте го брашното со гризот, прашокот за пециво и шеќерот.
Јаболките измијте ги убаво, излупете ги и изрендајте ги. Додадете им ги шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот и маслото. Измешајте убаво.
Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени.
Во тава за печење со димензии 20х30 см ставете хартија за печење.
Мешавината од суви состојки поделате ја на три дела, а филот од јаболки на два дела.
Во тавата прво сипете 1/3 од сувата смеса и израмнете убаво. Потоа на неа распоредете половина од јаболките и израмнете повторно. Повторете ја истата постапка и додека не ги потрошите сите состојки. на крај треба да завршите со суви состојки.
Ако ви остане сок од јаболките прелијте го одозгора. Ставете ја тавата со питата да се пече во загреаната рерна околу 40 минути.
Оставете ја да се излади, пресечете ја на коцки, посипете со шеќер во прав и послужете со кафе или чај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e