Домашни лекови од нашите баби кои прават чуда

Нашите баби имале многу помалку лекови од нас, а и посетите на доктор биле поретки. И покрај тоа тие биле здрави. Некои лекови кои ги користеле и денеска се поефикасни од лековите од аптека.

 

Солена вода ги намалува болките во грлото

Против бактериските воспаленија на грлото овој домашен лек не помага. Меѓутоа, доколку само не боли грлото тогаш гаргарата со солена вода може да направи чуда.

Растопете една лажиса сол во 200 мл млака вода. Правете гаргара колку долго можете, но никако не голтајте.
Ѓумбир против мачнини

На сите им е познато чудотворното дејство на ѓумбирот. Во кујната на баба, најчесто се користел против мачнини.

Една шолја чај од ѓумбир го смирува желудникот и помага при утринските мачнини за време на бременоста како и за мачнините при патување.

 

Суви сливи против запек

Сувите сливи се полни со материи за баланс, што го подобрува работењето на цревата и помага при непријатниот запек.

Важни правила за дозирање:
– Одмрзнете околу 5-10 суви сливи и оставете да преноќат
– Наутро јадете ги меки;
– Водата во која стоеле преку ноќ исто така можете да ја испиете.

 

Лавандата против несоница

Кога ќе помислите на собата на баба, се уште може да го почувствувате мирисот на лаванда. Имено, исушените цветови лаванда во кесички се моќно средство против проблемите со несоница.

Во меѓувреме тоа е потврдено и од наулката. Мирисот на лаванда го намалува крвниот притисок, смирува и ги намалува отчукувањата на срцето.

Едно истражување од 2014 година, покажало дека пациентите кои имале проблем со спиење, а кои инхалирале масло од лаванда, имале длабок сон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ