Домашен сладолед од диња

Искористите ја дињата како летно освежување и направете сладолед.

За подготовка на сладоледот од диња потребно ви е:

300 мл слатка павлака
175 г шеќер
1 зрела диња, со средна големина
Сок од 1 лимон

Подготовка:

1. Во длабок сад помешајте го шеќерот со павлаката и варете додека течноста не зоврие.

2. Исчистете ја дињата од кората и семките, исечкајте ја на ситни парчиња, па ставете ја во блендер заедно со сокот од лимон. Пасирајте додека не добиете мазна смеса.

3. Додајте ја смесата од слатка павлака и шеќер, па измешајте ги сите состојки во блендерот.

4. Мешавината истурете ја во калапи и садови и оставете ја да отстои во замрзнувачот преку ноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e